Заев е упорен: Избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме функционална влада. Нема нови аргументи за нови економски мерки, а со тоа ни оправдување за нова вонредна состојба. Затоа изборите ќе бидат 22 дена по завршување на вонредната состојба, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Ризично е веќе и по здравјето и слободата на граѓаните, не може Владата да носи сега закони претпладне, а попладне да ги извршува истите закони, рече Заев.

Лидерот на СДСМ вели дека вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски случаи, но се шири. Тој кажа дека сите нови случаи се од периодот кога имаше полициски час, што, според него, и тоа не е решение.

-Секој има време да се подготви за избори. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час, така што и тоа не е решение. Во сите овие денови имаше само пет хоспитализирани во Градската болница и двајца на Инфективната клиника. Ова ќе трае и на 5 август, и 5 октомври, и 5 јануари, не можеме Владата да ја оставиме вака заради нечии скриени калкулации, рече Заев.

Претходна вестУапсени две млади лица во Аеродром, носеле марихуана со себе
Следна вестПотврдени 89 новозаразени од вирусот- повеќето во Скопје и Штип, починале 7 пациенти