Завршен збор на Боки 13: Не се вештачи мојот телефон за да не се види комуникацијата меѓу Заев и Мијалков

Јас сум бил сведок каде лично им е ветувано олеснување ако го поддржат референдумското прашање, изјави во денешниот завршен збор Бојан Јовановски-Боки 13, првообвинтет во случајот „Рекет“.

-Не се вештачи мојот телефон, рече тој, бидејќи ќе се види комуникацијата и врската меѓу Сашо Мијалков и тогашниот премиер Зоран Заев. Јас сум бил сведок каде лично им е ветувано олеснување ако го поддржат референдумското прашање. И на Сашо Мијалков му е вратен пасошот, па никој не прашува, потенцира Јовановски.

Боки-13 претходно го отфрли обвинението против него и рече дека се работи за политички прогон на двајца невини луѓе.

 Пред вас е идниот лидер на оваа земја, бидејќи не учествувам во кривично правен настан, туку во политички прогон и 11 месеци сум држен во притвор. Ако мојот сон е да станам лидер на оваа земја сонот на обвинителката Рускоска беше да стане Катица Јанева, потенцира тој.

Тој, пред судот покажа фотографии со куфер Луј Витон, за кој вели дека го купил во 2012 години во Виена, и за кој обвинителката Вилма Русковска кажала дека е чантата од видеото на Камчев сликана во домот на неговите родители.

– Одговорно тврдам дека таа Луј Витон чанта на Зоран Милевски ја немам допрено и не знам што има внатре, рече првообвинетитот.

Претходно, неговиот бранител Сашо Дукоски укажа на тоа колку би требало да тежи чантата полна со пари.

80 проценти од банкнотите се по 50 евра. Милион евра сосе другите банкноти од 100 и 500 евра би тежеле најмалку 22 килограми и не се носат така лесно со една рака како што беше прикажан Милевски на снимката, објасни адвокатот.

Претходна вестСпасовски негативен на тестот за вирусот, останува во домашна изолација
Следна вест31-годишен скопјанец пет пати прободен со нож во ресторан на улица „Џон Кенеди“