31-годишен скопјанец пет пати прободен со нож во ресторан на улица „Џон Кенеди“

Во тешка здравствена состојба по пет убодни рани од нож е скопјанец кој синоќа бил донесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во центарот на Скопје. Полицијата соопшти дека се работи за 31-годишниот Е.Ј. од Скопје кој бил во неконтактибилна состојба.

-Дежурниот доктор констатирал дека повредениот се здобил со пет убодни рани во пределот на стомакот. Според добиените информации, Е.Ј. бил повреден во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

Претходна вестЗавршен збор на Боки 13: Не се вештачи мојот телефон за да не се види комуникацијата меѓу Заев и Мијалков
Следна вестСтефанија Гаштарска е првата македонска балерина вработена во светски познатиот руски театар „Бољшој“