Испукани шест куршуми кон моторџија во Чаир, погоден е во нога

Пукотници во Чаир. Имено, со повреда во пределот на ногата се здобило едно лице откако на него било пукано со огнено оружје од се уште неидентификувано лице рано изутринава во скопската општина Чаир.

Полицијата соопшти дека денеска во 05.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект и градинка на ул. „Архиепископ Доситеј“ во Скопје, едно лице пукало од огнено оружје кон К.Т.(24) од Скопје, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во пределот на ногата.

-Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што на местото биле пронајдени и подигнати шест чаури од муниција за пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Претходна вестВо 4 полициски акции приведени 8 лица заради поседување марухуна
Следна вестИсконтролирани над 2.000 угостители, во 24 објекти не се почитувале заштитните мерки