Во 4 полициски акции приведени 8 лица заради поседување марухуна

Осум лица вчера биле превидени од страна на полицијата заради поседување на марихуана. Тоа се случило во четири оделни акции направени на подрачјето на Скопје.

Две акции биле направени на улицата „Козле“ каде прво во 13.45 часот била проведена 19-годишната Д.Џ. од Скопје кај која при претресот е најдена оваа дрога. Подоцна, во 22.40 минути на истата оваа улица полициските службеници откриле марихуана и кај лицата М.М (32) и Т.Г. (20) од Скопје и заради што се приведени во полициска станица.

Најголемо приведување имало во населбата Драчево, на месноста „Три круши“. Таму полициските службеници оваа дрога ја отркиле кај четири лица – Д.Г. (37), О.С. (24), Н.Ѓ. (21) и еден 17 – годишен малолетник.

Последното откривање на марихуана било кај лицето Љ.Т. (23) во моментот додека се движело во Градскиот парк во 22.20 минути.

Против сите овие лица полицијата ќе поднесе соодветни поднесоци. 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Сите балкански земји вкупно имаа 45 заболени, а Македонија имаше 89, власта мора да преземе одговорност
Следна вестИспукани шест куршуми кон моторџија во Чаир, погоден е во нога