ВМРО-ДПМНЕ: Сите балкански земји вкупно имаа 45 заболени, а Македонија имаше 89, власта мора да преземе одговорност

Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија, Словенија, БиХ, Србија и Црна Гора заедно имаат двојно помалку заразени со корона вирусот од Македонија. Ова е капитулација на системот и негрижа за животот и здравјето на сопствените граѓани, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Новата нормалност на Зоран Заев и СДСМ се 89 заразени и 7 починати лица во последното деноноќие. Тој биланс од црниот понеделник е резултат на неспособноста на власта на Заев и политичкиот диктат што го прави на здравствените власти.

Во Македонија има вкупно 2315 заразени и со тоа сме на врвот по заразени во регионот на милион жители. Во Македонија има 140 починати и сме убедлив црн рекордер во целиот регион по жртви од корона вирусот на еден милион жители.

И покрај ваквите бројки Заев и СДСМ наместо да размислуваат за здравјето и животите на граѓаните, тие тераат кампања и зборуваат за датуми на избори.

Јасна е причината сакаат избори со премала излезност за нивниот пораз да не биде толку убедлив. Во Услови кога половина СДСМ и Влада се во самоизолација, тие ја убедуваат јавноста во нивните партиски флаери дека ја победиле корона епидемијата. Тоа покажува колку се тотално одлепени од реалноста. Ним здравјето и животите на граѓаните не им се приоритет, приоритет им е како да ја спасат политичката кариера на Зоран Заев, стои во опозициското соопштение.

Претходна вестОд 298 активни случаи на заболени од вирусот во Скопје, 73 се од Чаир, 44 од Сарај…
Следна вестВо 4 полициски акции приведени 8 лица заради поседување марухуна