Од 298 активни случаи на заболени од вирусот во Скопје, 73 се од Чаир, 44 од Сарај…

Скопската општина Чаир има 73 активни случаи на заболени граѓани од корона вирусот. Тоа е општината каде има најголем број на заболени во Скопје.

Инаку, во скопското подрачје сега вкупно се болни 298 пациенти. Ова го покажува последната анализа на Институтот за јавно здравје.

По Чаир, Сарај е општина во која, исто така, има голем број на заболени граѓани – вкупно 44. Голем број на заболени има и во Бутел – 37, а потоа следуваат Аеродром со 33 заразени жители и Гази Баба со 31 случај.

Во Студеничани и Карпош, според последните податоци на ИЈЗ, регистрирани се 13 активни случаи, во Кисела Вода 11, во Илинден, Шуто Оризари и Ѓорче Петров 9, во Центар 8, во Петровец 4 и во Арачиново и Сопиште по два активни случаја.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави можно воведување на карантин за општините Чаир, Сарај и Гази Баба. Но, за тоа решавачко ќе биде движењето на бројот на новозаболените во претстојните денови.

Претходна вестВчера значително се зголеми и број на граѓани ставени во изолација – 337
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Сите балкански земји вкупно имаа 45 заболени, а Македонија имаше 89, власта мора да преземе одговорност