Вчера значително се зголеми и број на граѓани ставени во изолација – 337

Во изминатово деноноќие значително е зголемен бројот на граѓаните кои се ставени во изолација поради корона вирусот. Ова се гледа од официјално соопштение на МВР во кое е наведено дека во изминатово деноноќие се изолирани вкупно 337 граѓани, а изјави за самоизолација потпишале 62 лица. Ова се совпадна со вчерашното значително зголемување на бројот на заболените од корона вирусот.

За потсетување, претходниот ден 186 лица беа ставени во изолација.

Инаку, во извештајот на МВР се наведува дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

-По однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се   585     прекршоци, соопшти полицијата.

Претходна вестШто ќе каже Катица Јанева во завршниот збор во случајот „Рекет“?
Следна вестОд 298 активни случаи на заболени од вирусот во Скопје, 73 се од Чаир, 44 од Сарај…