Стефанија Гаштарска е првата македонска балерина вработена во светски познатиот руски театар „Бољшој“

Осумнаесетгодишната македонска балерина Стефанија Гаштарска е првата вработена Македонка во светски познатиот руски театар „Бољшој“.

Таа е дипломец на балетската академија Бољшој и од целата генерација се вработени седум девојчиња и едно момче. За сега не се познати сите услови под кои ќе работи Гаштарска, но се очекува да замине на 28 јули.

Стефанија со балет се занимава од девет години, во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. На 15 години заминува да учи во државното училиште во Перм (Русија), едно од најстарите балетски школи кои работат по Ваганова методот, а образованието го продолжува на Академијата за балет на Бољшој. На свои 16 години настапува во Бољшој, и ја игра принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“, на балетската гала вечер посветена на кореографот Мариус Петипа.

Претходна вест31-годишен скопјанец пет пати прободен со нож во ресторан на улица „Џон Кенеди“
Следна вестМалку сонце, малку облаци, малку дожд…