И денеска најмногу новозаразени скопјани со вирусот има во Чаир и Бутел

Во последните 24 часа во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19. Од новозаразените најмногу се во Чаир и Бутел.

Имено, во општина Чаир заразени се 11 лица, а во општина Бутел 6 лица.

По двајца заразени има во Карпош, Аеродром и Сарај, а едно лице е заразенo во Гази Баба.

Инаку, и претходните 24 часа, од 22 случаи на заразени со корона вирусoт во Скопје, најмногу беа во општините Чаир и Бутел. Тогаш во Чаир имаше 5 новозаразени, а во Бутел – 3 новозаразени.

Според информациите на Министерството за здравство, во Македонија денеска беа потврдени 62 позитивни случаи на Ковид-19.

Претходна вестПочнува ново субвенционирање за велосипеди, а ќе ги фаќаат ли тие што ги крадат точаците?
Следна вестПукале кон стражарницата во касарната во Прилеп, полицијата набрзо ги фатила