Пукале кон стражарницата во касарната во Прилеп, полицијата набрзо ги фатила

Синоќа во Полициската станица во Прилеп било пријавено дека од патничко возило со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј.(33), а сопатник бил Д.П.(31), двајцата од Прилеп, било пукано кон стражарницата која се наоѓа во кругот на касарната „Мирче Ацев“.

Од МВР информираат дека полициски службеници презеле мерки и возилото и лицата биле пронајдени и лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестИ денеска најмногу новозаразени скопјани со вирусот има во Чаир и Бутел
Следна вестУчилиштата се отворија за уписи на првачиња, но некаде и со страв