Почнува протестот пред Владата: Протестирам поради продавањето на македонскиот идентитет

Пред Владата почна да се собираат граѓани со цел да протестираат по скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарски медиум каде меѓу другото беше оспорена и македонската антифашистичка борба. На протест граѓаните беа повикани од ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на Македонија и тие кои со возила во 18 часот тргнаа од СЦ „Борис Трајковски“ кон Влада.

Свој повик имаше и „Левица“ и „Бојкотирам“ кои како што нагласија ги повикуваат граѓаните пред Владата во одбрана на АСНОМ-ските вредности и антифашистичката борба врз кои се поставени темелите на современата македонска држава.

-Излегов на протестот од револт што се распарчува се што е македонско, а најмногу поради продавањето на нашиот македонски идентитет, ни изјави млад скопјанец кој е пред Владата.

Друг граѓанин само ни кажа дека воопшто не му е важно кој го организира протестот, важно му е да се прати порака дека Македонија има црвени линии.

Од она што можевме до сега да видиме, пред Владата е поставено озвучување, но засега нема говорници. Првите возила од колоната на ВМРО-ДПМНЕ стигнува пред Владата.

За посетување, денеска Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги вовика граѓаните на протест со зборовите:

-Протест сега, за да не биде предоцна! Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи” и „престапници”, а не ослободители. Не! Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи. Македонија е за пријателство, но пријателството значи взаемно почитување, порача Мицкоски.

Повик до граѓаните за протест кој ќе започне во 18.30 часот пред зградата на Владата денеска на Фејсбук сподели пратеникот и лидер на партијата „Левица“ Димитар Апасиев. Во споделената објава се наведува дека домаќин е „Бојкотирам“ и дека е посветен на одбрана на АСНОМ-ските врендости и на македонската антифашистичка борба.

Во одбрана на АСНОМ-ските вредности и антифашистичката борба врз кои се поставени темелите на современата македонска држава. Македонскиот народ бил на правилната страна на историјата, давајќи бројни жртви во борбата против бугарскиот окупатор и затоа не дозволуваме да бидеме уценувани, понижувани и негирани од оние кои треба да се извинат за своите злосторства! Ниту една привремена Влада поставена од надворешни групи на интерес нема право да преговара и договара за децениската жртва и придобивките тешко издвојувани. Бараме оставка од квислиншата влада и прекин на преговорите кои се водат единствено на штета на Република Македонија. За достоинството на народот не се преговара!

Претходна вестВо Собрание со 61 глас избрана Кацарска за уставен судија
Следна вестРазбиена група нарко дилери, запленета дрога во Скопје