Од денеска во поликлиниката „Јане Сандански“ почнува вакцинацијата со добиените руски вакцини „Спутник V“. Со неа ќе бидат опфатени здравствените работници кои што се изложени на опасностите да бидат заразени со корона вирусот. Првично беше планирано ова тура на вакцини да биде искористена за постари граѓани со хронични заболувања и лица во старски домови, но ширењето на вирусот предизвика промена. Истовремено, денеска во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“.
Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.
–Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здравство.
Кога точно ќе дојдат нови вакцини – не е познато.