Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 13.12.2024 година во 01 часот и 36 минути, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа на 47 km југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со Рихтерова локална магнитуда МL2.3.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходна вестКинескиот претседател ја одби поканата на Трамп за присуство на инаугурацијата
Следна вестРокас: Не се само Груби и Беџети, секаде треба да се испитува корупцијата