Хрватите, Србите и Словенците имаа можност да уживаат во редок феномен – Аурора Бореалис, односна поларната светлина која го обои небото над делови од овие три земји. Видеа и слики од овој редок феномен беа споделувани на социјалните мрежи.
Глетката е магична, небото се обои во светло розова нијанса, и предизвика воодушевување кај жителите кои го фотографираа феноменот.
– Глетката е нестварна, вели фотографот Рикард Јадан, кој ја снимил поларната светлина.
Поларната светлина (аурора поларис) е осветлување на ноќното небо најчесто во поларните зони. На север се нарекува аурора поларис, а кога се појавува на Јужниот пол, се нарекува аурора аустралис.