Поделбите, омразата и подлите игри и лицемерието добиваат на сила

Колумна на Владимир Величковски:

Пролетното време е (нездраво во зима) кое благо, и за кратко ги ублажуваат сите предизборни тегобности и неизвесности (со разни лаги и нови пазарења и манипулации), особено (ништо чудно) најавениот „ценовен шок“ во време на преполни маркети и молови (уште едно зло за градот). Има сиромашни, кои одвај врзуваат крај со крај, но има и збогатени (сит на гладен не му верува, како и здрав на болен) кои купуваат и по неколку неконтролирано изградени станови (дело на урбаната мафија)а Скопје се задушува, потонува во ѓубре и нови проблеми заради пренаселеноста, главно од други македонски градови, ионака подиспразнети заради иселувањето. Кога ќе видам преполни кафеани и кафулиња, се до Старата градска чаршија, се прашувам дали навистина сме толку сиромашна земја? А медиумите, без исклучок нудат (невкусно) емисии за готвење (вкусна но скапа храна), а да не зборуваме колку навикнавме, секојдневно да слушаме за криминал изразен во милиони евра, како и за енормното (како ли е заслужено?) зголемување, искажано во проценти и апанажа за партиските функционери (напикани во 28 министерства) со сите други привилегии и дозволено самоволие.

А народот, поделен и меѓу партиите паѓа во летаргија и затапеност екстра поттикнувани од маратонските блуткави турски серии, моќна школа за насилство. И тоа во земја на веќе присутно безаконие и врсничко насилство, со престрелки и убиства меѓу разни банди, својствени за една крш метропола (каква ли опрема користат за да оштетат метални и бетонски огради и други предмети). Другите, нормално во очај, во услови на разни ненормалности протестираат (во предизборна еуфорија на партиите) за да добијат нешто скромно, што брзо се топи. Поделбите, омразата и подлите игри и лицемерието добиваат на сила кога станува збор за предизборен болникаво манифестиран ламтеж за власт и грабеж од разни војводи и прогресивци, како и разни „мисионерски икони“ кои на дело го реализираат планот за сецесија или федерализација на земјата изведувајќи самоамнестирање (но со подршка) на извршените воените злосторства, не откажувајќи се од познатите условувања и закани за измени во Уставот, кои се неприфатливи.

Секоја партија влече на своја страна доведувајќи до расцеп и поделби меѓу луѓето, ама и во сопствените редови. Подготовките за претседателските избори се тензични, со елементи на негативна кампања и формирање контра блокови и т.н. Безидејни се и неодговорни, без докажан интегритет дека ќе работат во интерес на сите граѓани, за општо добро во држава на корумпирани институции во која никогаш и за ништо не се работело плански. Упорно се наметнува барањето за премиер, а сега и претседател Албанец, не според личност со соодветни познавања и квалитети туку пред се според партиската подобност, личности кои не го почитуваат ниту самиот назив – да работат во интерес на целата македонска држава. Кој од претседателските кандидати има капацитет да ги реши тешките проблеми во тешко поделена средина и колонии „арамиски гнезда“ (богато исплатливи тендери и провизии, работа со казина и обложувалници итн.). Дали, во вакви услови е можна албанизација и федерализација на Македонија, во краен случај нејзина „либанизација“, ама „обамизација“ е недуховито. Политичките познавачи, пишува Маргарет Атвуд „велат дека голем водач мора да има три ствари: мозок, срце и копец или, помодерна варијанта, м..а.“

Претходна вестЕх, кога Пендаровски вака цврсто не би дозволувал фалсификување на македонската историја…
Следна вестПриведен крадец во Свети Николе, расчистени 10 кривични дела тешка кражба