Поднесени приговори за гласањето во Старо Нагоричане, Шуто Оризари, Конче и Кочани

До Државната изборна комисија до денеска заклучно со 15 часот поднесени се вкупно 13 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

Седум приговори се од ТМРО за седум гласачки места во општина Старо Нагоричане.

Шест приговори се од од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на постапката за гласање, односно постапката за сумирање и утврдување на резултатите на две избирачки места во Шуто Оризари, едно во Конче и три избирачки места во Кочани.

Претходна вестНема извештај за трошоците во кампањата, нема пари од Буџет, а ќе има и казни
Следна вестГермански весник прогнозира: Димитров можен технички премиер?