Поевтинува дизелот, бензините со иста цена

Од полноќ за денар и половина се намалува цената на дизелот, а за денар на Екстра лесното масло за домаќинства, додека цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на дизелот ќе биде 66,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 66 денари. Еуросупер БС-95 ќе се продава по иста цена од 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,607 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,245 ден/кг.

Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светските берзи во изминатиот седумдневен период.

Претходна вест13 починати и 155 нови заразени во 24 часа
Следна вестГрозданова од Комитет за имунизација: Ако здравствените работници се антиваксери, не им е место во здравството