Полицијата апсеше за поседување дрога

Рано утрово, на полноќ, на излез од с.Чегране, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.Б.(26) и В.С.(23), двајцата од истото село, кои биле со патничко возило „мерцедес“ со италијанска национална ознака, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Малку подоцна утрото, во 02.10 часот, во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода О.К.(33) од прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајаите ќе следи соодветен поднесок, информираат од полицијата.

Претходна вестУапсен педофил на плажа во Неи Пори
Следна вестСе трага по давеник во Дојранското Езеро- паднал од педалинка, а не знаел да плива