Пребрзото и опасно возење е секојдневие на македонските сообраќајници. Здивените возачи никако да се припитомат.
МВР вчера спровело акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 113 возачи.
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 47 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.
Полицијата соопштува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Дали се доволно сеопфатни? Што друго треба да се направи за да се припитомат некои возачи кои сообраќајниците ги прават ризични места и за себе и за останатите?