Пребрзото возење и прекршоци што ги прават пешаците биле најчести причини за казните коишто вчера ги изрекувала полицијата на скопските сообраќајници.
-На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 322 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 96 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 28 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти полицијата.
Изречени биле и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.