Полицијата ја приведе Ивана која јадеше и пиеше во име на Општината Ѓорче Петров

Приведена е извесната Ивана која јадеше и пиеше по кафеани и ресторани во име на Општината Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски. Станува збор за жена на возраст од 36 години со иницијали И.А.

– На 16.12.2022 во Полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со И.А.(36) од Скопје. Таа се сомничи дека лажно се претставувала како вработена во општина Ѓорче Петров и од повеќе угостителски објекти нарачувала храна во име на фирми со кои наводно соработувала општината. Во разговорот таа го признала делото, велат од МВР.

Оттаму најавуваат дека по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесат пријава.

Претходно Општина Ѓорче Петров во средата објави дека извесна Ивана во име на Општината и градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавувала и појавувала во угостителски објекти при што нарачува храна и пијалаци, наводно за општината и градоначалникот.

 

Претходна вестХрватска го освои третото место на Мундијалот
Следна вестСДСМ фаќа замаец за работење, се самохрабри или на избори мисли?