Полицијата го бара исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје

Полицијата и денеска го бара 14-годишното девојче, на кое вчера  му се изгуби трагата, откако во 7 часот наутро  заминало во училиште, во општина Центар, поточно во скопската населба Дебар мало. Случајот во полиција вчера го пријавила мајката.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн.

Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта, се вели во вчерашното соопштение на МВР.

Од МВР апелираат да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.

Претходна вестНеколку сообраќајници затворени за сообраќај поради генералната проба за Самитот на ОБСЕ
Следна вестСнег паѓа на патот кон Попова Шапка и на превоите Стража и Пресека