Вчера околу 22.45 часот во близина на село Чалакли, валандовско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци.
При контрола на патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, во кое бил сопатник, била извршена проверка во оперативната евиденција и било констатирано дека бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот, информираа од полицијата.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.