Полицаец се саморанил со службениот пиштол

Се самоповредил полицаец со пиштол. Имено, со рана во левата натколеница се здобил полицаец синоќа во својот дом на улица „Франце Прешерн“ во Скопје, соопштија од МВР.

-Тој додека го проверувал службениот пиштол се повредил. Веднаш е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот, соопшти полциијата.

Претходна вестЧаир се уште со најмногу инфицирани, бројката расте и во Аеродром, Бутел, Центар…
Следна вестОд утре се отвораат сите гранични премини во Македонија