Полицијата бркала брзи возачи, стасала 60 во Скопје 

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 222 санкции, меѓу кои 60 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, соопшти денеска МВР.

-Изречени се 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 23 мерки за возење без возачка дозвола и два мотоциклисти, како и 29 мерки за непрописно паркирање, едно привремено одземено возило и 26 казни за неносење на заштитна маска, информира полицијата.

Од МВР потенцираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. До граѓаните се апелира да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестМакедонија вчера имаше драстично повеќе починати од сите држави во регионот
Следна вестЗаев двојно го намали бројот на советниците, ама пресолено ги плаќа