Полицијата казни 154 возачи во Скопје, 40 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера се изрчени вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, соопшти денеска МВР.

Во вчерашните акциски контроли имаше и 12 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.

-Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 санкции за нерегистрирани возила, пет санкции за управување под дејство на алкохол.., наведе полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестПолитичарите ги гледаа ли синоќа македонските фудбалери?
Следна вестБездомните кучиња го „шпартаат“ Аеродром, се решава ли проблемот?