Полицијата шета: За неносење маска казнети 641 лица

Воведувањето на обврската за задолжителното носење на заштитни маски, марми или шалови на отворен простор не го смени многу односот на граѓаните кон оваа мерка. Полицијата и натаму секојдневно казнува по неколку стотици граѓани ширум Македонија заради овој прекршок.

МВР денеска соопшти дека во изминатово деноноќие е регистриран 641 ваков прекршок на територијата на цела земјаТоа е бројката која е во рамките на просекот кој се забалежуваше во изминативе недели. Очигледно, новата обврска, како и поранешната за носење на маски во затворен простор, и натаму не се почитува од дел од граѓаните.

пелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19, соопшти МВР.

Скопјани пак на социјалните мрежи апелираат полицијата да шета и казнува по цело Скопје, а не некои делови да се запоставени.

Претходна вестНамалени судските такси: За првостепена тужба ќе се плаќа најмногу 6.000 денари
Следна вестБраво: Четири медали за македонски математичари на Балканската математичка олимпијада