Навиката кај многумина скопјани – возење без возачка дозвола – никако да се намали. И вчерашните полициски контроли покажале дека таков сериозен прекршок направиле повеќе лица.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, од кои 16 за возење баз возачка дозвола, соопшти денеска МВР.
Загрижува и фактот дека премногу брзо се вози во Скопје.
Вчера, меѓу другите казнети се и 67 возачи за непочитување на брзина на движење. Имало и 11 санкции за возење под дејство на алкохол, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 мерки за користење на мобилен телефон. Според извештајот, изречени се пет санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас и 56 мерки за непрописно паркирање.
МВР уверува дека сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Но останува впечатокот дека бројките на казнети не се намалуваат што значи дека прекршителите си тераат по свое не плашејќи се дека може да бидат казнети. Дали полициските контроли се доволни и дали не треба да се засилат?