На скопското подрачје при вчерашните полициски контроли санкционирани се вкупно 207 возачи заради прекршување на сообраќајните правила и прописи, соопшти МВР.
-Меѓу изречените мерки 24 се за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 мерки за поминување на црвено. Исто така, изречени се 11 казни за користење на мобилен телефон, 60 за непрописно паркирање, 47 возила се подигнати се специјално возило „пајак“, а изречени се 16 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во информацијата.
Добро е што полицијата учела возачи дека на црвено не се поминува на семафор. Многу „далтонисти“ има низ Скопје и полицијата треба да биде поревносна и преку казни да им ги објаснува боите и правилата.