Здравствените власти во земјава се надеваат дека полицискиот час што е во сила од вчера ќе ги спречи забавите на младите кои изминатив период биле многу чести по затворањето на кафулињата и кафеаните.
Според нив, тие се најголемите преносители на вирусот.
-Сметаме дека младите како една група граѓани кои беа активни и многу често комуницираа и по затворањето на угостителските објекти, беа сериозен вектор на трансмисија на вирусот и поради тоа сметам дека во следните 10-ина дена ќе има промена на сликата. Сега бројката е нешто под илјада, следиме дали ќе има зголемување, но верувам дека овие мерки ќе дадат резултат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.