Половина Скопје е без вода, од „Водовод“ уверуваат дека брзо го поправаат дефектот

Веќе неколку часови нема вода по домовите во Центар, Аеродром, Кисела Вода… Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштуваат дека поради голем дефект на булеварот Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, голем дел од корисниците од град Скопје ќе имаат прекинато водоснадување или намален притисок.

Станува збор за дефект на ф500мм за чие санирање има потреба да се затвори цевка од ф1.400мм, а со тоа голем дел од град Скопје ќе има прекин на водоснабдувањето, односно населбите: Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.

– Имајќи ја предвид природата на дефектот, кој е од големи размери, известуваме дека ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со ЈП Комунална хигиена обезбеди цистерни со техничка вода кои ќе циркулираат во овие делови на градот. За локациите на цистерните, граѓаните треба да се обратат до Дежурно-информативниот центар на телефонскиот број 02 3073 010. Замолуваме за трпение и повикуваме на разбирање од страна на граѓаните во овие делови на град Скопје. Воедно уверуваме дека тимовите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, непрекинато ќе работат со цел брзо отстранување на дефектот и нормализирање на водоснадувањето – соопштија од Водовод

Претходна вестПритвор за кумот на Груевски поради плацови на Водно
Следна вестПрволигашите до Антиќ: Сакаме да има кошарка, решете го проблемот до среда или одете си од КФМ