Полска има сценарио ако Бугарија повторно ни каже „не“

Полскиот претседател, Анджеј Дуда кој денеска е во Скопје изрази надеж дека новата влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција и став во поглед на пристапувањето на Македонија во ЕУ.

Но, доколку Бугарија повторно каже „не“, Дуда рече дека лично ќе истапи и ќе се заложи за изготвување на документ за полесен пристап на Македонија кон ЕУ.

-Овде би сакал јавно да изјавам дека доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно односно каже ‘не’ за влезот на Северна Македонија, јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ, односно документ којшто ќе послужи на вашата држава полесно да се справи со ова прашање во влез во ЕУ, рече Дуда на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, Стево Пендаровски.

Претходна вест16 починати од ковид и 444 нови заразени
Следна вестКај скопјанец во кола откриени тројца мигранти од Куба