Сведување на човечкиот фактор на минумум и дигитализација на сите услуги за граѓаните, антикорпуциски програми за сите институции и обврска за поголема транспарентност и отчетност на функцинерите.
Вака накусо може да се опише Планот за борба против корупција што денеска го презентираа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за борба против корупција, Љупчо Николовски.
Иако изминатите денови беше најавуван бомбастично, од кажаното на прес-конференцијата може да се заклучи дека акцентот е главно ставен на дигитализација на оние служби на кои гражаните најмногу се жалат – управата за водење матични книги.
Како нешто што досега можеби не е промовирано, тоа е дека извод од централниот регистар на население, ќе ги замени сегашните копии од лична карта, пасош, државјанство или изводи од Матичната книга на родени.
Еве што содржи Планот за борба против корупција:
– Во рок од 30 дена од денеска, Министерството за правда заедно со Јавното обвинителство се задолжени да направат анализа на потребните кадри, опрема, техника, простории за истражните центри, со цел да се зајакнат капацитетите на центрите, а со тоа и капацитетите на сите јавни обвинителства;
-дигитализација и екипираност на истражните центри за брзо процесирање и решавање на предметите;
–се става во функција Централниот регистар на население каде на едно место веќе ги има сите податоци за граѓаните кои се содржани во личните карти, пасошите, а Управата е задолжена за интегрирање на сите овие податоци и регистри и ќе се укине процедурата за вадење различни документи и изводи на шалтери;
-сите седум антикорупциски надлежни институции добиле обврска задолжително да се поврзат на националната платформа за интероперабилност, за ефективно да ја применуваат оваа платформа при прибирањето на податоци за одреден случај или предмет;
-преку електронски софтвер ќе се поврзат сите 28 инспекциски служби, со што ќе се намали субјективното и селективно влијание за време на инспекција;
–формирање на регистар за добавување на државна помош на централно ниво, со што се зајакнуваат контролните механизми околу јавните набавки;
-во рок од три месеци МВР до Владата треба да достави стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот од 2021 до 2023, а паралелно ќе се формира и национална комисија која ќе го мониторира спроведувањето на оваа стратегија;
-имплементација на препораките од домашните и странски невладини организации за измена и промена на прописите за административните службеници и вработените во јавниот сектор и етичкиот кодекс на административните службеници;
-бројот на членовите на управни одбори нема да може да биде поголем од пет члена, а при изборот на членовите на УО квалификациите на кандидатот мора да коресподнираат со дејноста на истатата институиција;
-се воведува и единствен регистар на службени возила со кој строго ќе се регулира начинот на користењето на службените воизла, ќе се знае кој, кога и на каков начин го користи службеното возило;
– од овој месец почнува со работа системот за следење на предмети и претставки преку отворање на нов повикувачки центар, каде едно место граѓаните и фирмите ќе можат да пријават случај на корупција;
– измени на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, каде ќе се допрецизира судирот на интереси во делот кој се однесува на вршење на две или повеќе јавни функции, кои лица треба да достават анкетен лист до Државната комисија, како и проширување на нејзините надлежности во делот на носење и спроведување на планот за интегритет;
–сите органи на државната управа, јавните претпријатија и јавните установи во рок од 30 дена треба да подготват антикорупциска годишна програма со прецизни активности за транспаретност и отчетност.