Поминале на испит, „паднаа“ на мерките против пандемија

Дваесет и осум студенти ќе треба да платат по 2.000 евра казна за кршење на мерките за групирање затоа што славеле положен испит по предметот анатомија.

Како што информира Основното јавно обвинителство-Скопје, поднесен е предлог за издавање казнен налог за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Студентите на возраст од 20 и 21 година, на 21 мај во раните утрински часови, биле затекнати при проверка во стан на улицата „Славејко Арсов“ каде што биле собрани на прослава за положен испит по анатомија.

До Основниот кривичен суд-Скопје доставен е предлог да определи парични казни за сите обвинети од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност, односно по 2.000 евра по лице.

Претходна вестНе ги затемнувајте стаклата на колите ако не сакате да плаќате казни од 300 евра нагоре
Следна вестВтор ден без починати од ковид, во 9 града нема ниту еден активен случај