Возење во пијана состојба и натаму е чест прекршок што го прават скопските возачи. Тоа го потврдуваат и вчерашните контроли што ги направи полицијата на скопските сообраќајници. Вкупно 12 возачи биле откриени дека се во алкохолзиирана состојба, односно, дека имале повеќе од 0,5 промили на алкохол во крвта. И во изминативе денови при контролите се откривани возачи со преголема доза на алкохол.
Очигледно е дека контролите треба да се засилат. Јасно е дека на улиците не биле само тие 12 лица под дејство на алкохол, некои не биле забежани од полицијата.
Инаку, во изминатово деноноќие само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22 санкции.
-Освен тоа изречени се и 8 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за користење на мобилен телефон. Изречени се пет санкции за минување на затворен сигнал(црвено светло), 22 мерки за непочитување на брзина на движење, пет за некористење на сигурносен појас и 73 санкции за непрописно паркирање, соопшти МВР.