Попладне започнува одбележување на празникот Успение на пресвета Богородица во Матка

Со одржувањето на вечерната богослужба денеска попладне ќе започне одбележувањето на големиот православне празник Успение на пресвета Богородица во истоимениот манастир во Матка, крај Скопје. Овој манастир, традиционално, е централно место на празнувањето на заштитничкатата на градот Скопје.

Прославата по повод празникот почнува во 17 часот со едночасовна вечерна богослужба во дворот на манастирот, на отворено, а сите присутни ќе мора да стојат на растојание за да се запазат преветнивните мерки против корона вирусот. После вечерната служба ќе продолжи посетата на храмот според превентивните мерки.

На денот на празникот, утре рано изутрина во 2 часот предвидено е да започне бдение кое ќе заврши со Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан. Во дворот на манастирот ќе се одржи и традиционална крводарителска акција.

Во манастирот ќе се влегува на предната врата, а од таму ќе се излегува на задниот влез. Секој посетител за да влезе ќе мора задолжително да носи маска. На влезот ќе се мери температура. Верниците и посетителите ќе мора да внимаваат и да одржуваат дистанца од 1,5 метар. Местата за стоење и за правец на движење во манастирот ќе бидат одбележани. На влезот и за време на задржување во манастирот е задолжителна дезинфекија на рацете, како за посетителите така и за оние што ќе бидат задолжени за организацијата на настанот. Со оглед на законските правила и услови донесени од страна на Комисијата за заразни болести, нема да има служење на храна и пијалаци, како и културно-забавна програма. Предвидена е и надворешна продавница со манастирски производи и сувенири. На денот на празникот во дворот ќе има поставено и маса за осветување на славски колачи.

Јавно сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека денеска, 27 август, на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси. Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и утре, петок, 28 август, од 7 до 18 часот.

Претходна вестЗа неносење заштитни маски казни за 518 граѓани
Следна вестШеснаесетгодишник удрил со возило во моторџија и тешко го повредил