Пороен дожд, грмежи и силен ветер попладнево го зафати Скопје.
Сето ова траеше кратко, а во некои деловиод градот дури и дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија. Во Скопската котлина некаде имаше и невреме со град.
Како што соопшти УХМР, до крајот на денот ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за невреме со град.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде 8.
Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Утре ќе дува умерен, а по Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.