Попладнево уште една група бегалци од Авганистан доаѓа во Македонија

Денеска на скопскиот аеродром ќе пристигне уште една, втора по ред група лица од Авганистан.

Од Владата соопштија дека доаѓањето ќе биде околу 16 часот, но од владината прес-служба засега нема информации околу бројката што се очекува.

Она што е познато е дека првите 149 од најавените 780 бегалци од Авганистан кои ќе бидат привремено сместени во Македонија, допатуваа во земјава доцна вечерта на 30 август.

Под строго полициско обезбедување поголемиот дел од бегалците беа префрлени и сместени во хотелот „Белви“.

Од МВР тогаш соопштија дека се вршат сите безбедносни проверки, а Министерството за здравство ги тестира дојдените на Ковид-19.

Една жена во одмината бременост, при првото доаѓање на бегалците, веднаш беше пренесена во болница по што се породи.

Според она што го сооштија од Владата овие лица во земјава ќе бидат 90 дена, престојот го плаќаат САД, по што ќе заминат во земјите каде што ќе продолжат со својата работа.

Претходна вестЗаев за оставките: Никој не е венчан за функцијата, ама…
Следна вестМајка од Дебар го тепала и го терала да питачи својот осумгодишен син – таа е приведена, детето е во одземено