Од ЈП Водовод и Канализација известуваат за пуштање на употреба на нова водоводна мрежа во реоните Сарај и Центар.
ЈП Водовод и канализација Скопје во континуитет работи на реализација на проекти и технички зафати со цел подобрување на водоводната мрежа во град Скопје, како и подобрување на услугите за граѓаните.
Во таа насока е и проектот за изградба на водоводна мрежа со чија реализација трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во 12 населени места во општина Сарај
Реализацијата на овој технички зафат со кој ќе се изврши приклучокот на мрежа ќе се спроведе на 25.05.2024, сабота со почеток во 21 часот и се предвидува истата да заврши до 5 часот наутро во недела, на 26.05.2024.
Заради реализација на оваа реконструкција се очекува намалување на притисокот на водоснабдувањето за граѓаните во општина Сарај и дел од општина Ѓорче Петров.
Во истиот период 25.05.2024, сабота од 21 часот до 05 часот наутро во недела, 26.05.2024 ќе се спроведе и реализација на реконструкција на водоводна мрежа во Центар и тоа реон Водно, со чија реализација и целосна замена на старата со нова мрежа ќе се овозможи подобро водоснабдување за граѓаните во овој дел на градот без дефекти и загуби на вода.
Во текот на изведбата на оваа реконструкција, прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од жителите од реон Водно и Козле, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Вила Водно и резиденцијални објекти во реон Водно.4bvodvod
За покривање на потребите за вода за пиење во здравстевните установи цистерни со питка вода ќе бидат поставени пред Клинички Центар „Мајка Тереза“ и Детската болница „Козле“. Исто така цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во Дежурната служба на Водовод Скопје, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните од реоните Сарај и Водно во периодот од 21 до 05 часот.