Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, соопшти дека денеска- петок, поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80мм на ул.Македонија (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза) во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Димитрие Чуповски до Даме Груев и дел од Луј Пастер, од 08:30 часот до завршување. (општина Центар)