Поранешен директор на јавно претпријатие во Гази Баба доби кривична пријава за оштетување на буџетот

Пријавениот поранешен директор В. М. (31) во својство на в.д. управител на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ пред три години, со неизвршување на своето службено овластување, ангажирал седум сезонски работници кои не потпишале писмен договор за работен ангажман во претпријатието. Тој не извршил контрола на редовноста на нивните работни места, а тие биле водени како наводно да биле редовно присутни на работа, со што им била исплатена плата, со која е оштетен буџетот на „Гази Баба 2007“ во износ од 1 218 000 денари или околу 20 илјади евра.

-МВР поднесе кривична пријава против В. М. (31) поради основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – ,злоупотреба на службена положба и овластување, со тоа што во текот на 2021 година, со неизвршување на своето службено овластување како в.д. директор на ЈКП ‘Гази Баба 2007’ Скопје го оштетил буџетот на Општина Гази Баба, се вели во соопштението од МВР.

Претходна вестНа ГП Табановце зголемена фреквенција на возила
Следна вестСпасиќ обезбеди подиум на СП во кајак