Поразителни резултати пак донесоа вчерашните контроли на полицијата на скопските улици. Полициските службеници изрекле вкупно 467 санкции на граѓаните кои направиле најразлични прекршоци.
-Санкции за возење без возачка дозвола се изречени на 60 лица, имало 101 прекршок за пречекорување на дозволената брзина на движење, 63 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 74 мерки за непрописно паркирање и 60 возила подигнати со пајак. Изречени биле и 46 казни за неносење на заштитна маска, соопшти полицијата.
Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.