Приведени се десет припадници на криминална група која до сега прокријумчарилa околу 100 мигранти, информира денеска постпаролот на МВР Тони Ангеловски. Тој рече дека истрагата се спроведувала од декември минатата година, а ја водaт Оддел за сериозен криминал при МВР и Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.
-Оваа група, мигрантите ги криумчарела од Грција, преку Македонија, Србија, и натаму кон земјите на ЕУ. Во овие 10 месеци колку што трае истрагата биле прокриумчарени 100-тина мигранти, а трансферот на едно лице бил од 500 до 700 евра по лице, информира Ангеловски.
Тој наведе дека организатори на криминалната група се две лица од Богданци, татко и син, како и едно лице од Лојане и едно од Скопско. Едно лице кое е дел од оваа група веќе се наоѓа на издржувањето на мерката притвор.
-Соработници на оваа група од Грција преку нелегалнио премини ги пренесувале во Гевгелија и Дојран, од таму членови на групата го носечле во Кумановско-липковскиопт регион, каде биле засолнувани и чекале трансфер кон Србија. Оваа група имала соработници и во Србија, наведе портпаролот на МВР.