Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска поради најавено одржување на Марш за женски права, со почеток во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.