Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за безбедност на патниот сообраќај утре (16.06.2023) ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците околу национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде со почеток во 20.45 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Македонија и Украина.

„МВР апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај“, велат од МВР

Претходна вест35 годишен маж од струшко ја натепал својата сопруга
Следна вестФудбалерите до 21 година ремизираа против Ерменија