Посебна комисија во МТВ ќе го разгледа настапот на Гарванлиев на Евросонг

Посебна комисија оформена во Македонска радио телевизија ќе решава околу настапот на Васил Гарванлиев на фестивалот Евросонг по низата настани кои се поврзаа со него.

– МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ, изјави Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација.

Настапот на Гарваналиев се проблематизира по бурните реакции на јавноста во врска со видео спотот на евровизиската песна. Во него, проблематични беа неколку кадри од уметничко дело во музеј со боите што ги има и бугарското знаме. Спотот е повлечен и објавена е нова верзија, но дел од јавноста сега реагира и на неговото потенцирање во интервју дека има двојно државјанство – македонско и бугарско.

Петицијата овој пеач да не ја претставува земјава на Евросонг за само еден ден ја потпишаа над 16.000 лица.

Претходна вестОтворен ковид- оддел на хируршките клиники, повторно висок број нови пациенти во Скопје
Следна вестКоце Трајановски: Шилегов поради суета на децата им украде 5 години уживање во забавниот парк