Поштенска марка со ликот на Конески по повод 100 години од неговото раѓање

Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денеска е во оптек во 6.000 примероци, со што Поштата се вклучи во одбележувањето на јубилејот – 100 години од неговото раѓање. Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Во вредност од 72 денари може да се најде во Бирото за филателија во Пошта 2 во Скопје.

Промоцијата е дел од програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука. Стогодишнината од раѓањето на Конески е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.

Претходна вестАХВ: Повлечен замрзнатиот зеленчук во кој беше пронајден глушец
Следна вестКратко траеше радоста од поевтинувањето: Бензините одново поскапуваат