Нови цени повисоки за 8 до 10 проценти, односно, од 5 до 10 денари деновиве добија различни видови леб во трговската мрежа. Производителите од мелничко-пекарската индустрија објаснуваат дека причината за поскапувањето на лебот се цените на струјата и гасот за компаниите кои се повисоки дури и за 100 отсто.
-Цените на лебот се зголемени од 8 до 10 отсто. Причина за тоа е зголемувањето на цените на струјата и гасот кои во август се повисоки за 100 отсто во однос на јули, изјави Горан Малишиќ, претседателот на Здружението на малничко-пекарската индустрија.
Посебна причина е и поскапата струја за малите пекарници кои се на регулираниот пазар и кои порано беа во категоријата на домаќинства, а сега се во четвртата најскапа тарифа заедно со големите потрошувачи. Поради тоа на овие пекарници цената на струјата им се качи од 2 на 11 денари за киловат-час.
Навестувањето е дека цената на лебот и натаму ќе продолжи да расте доколку државата не реши да изврши субвенционирање на компаниите со цените на електричната енергиј. Во Србија, на пример, киловат-час за мелниците е 4 денари, а кај нас 24 денари. Наскоро се очекува нвои цени да добијат и бурекот, како и бели печива.