После мај, патарина од Скопје до Штип во еден правец ќе биде 160 денари

Двете патарини на автопатот „Гоце Делчев“ од Миладиновци до Штип, кои се градат кај Преод и Кадрифаково, заедно ќе чинат 120 денари во еден правец, а ќе бидат готово во мај.

Според Законот за државни патишта – се наплаќа по 2,57 денари по километар. Така што патарината во Преод ќе биде 50 денари, а во Кадрифаково ќе биде 70 денари.

Ова значи дека заедно со веќе постојната патарина кај Миладиновци, која чини 40 денари, од Скопје до Штип ќе се плаќа по 160 денари за патарини во еден правец.

Во врска со начинот на плаќање и евентуалното воведување на вињети, директорот на ова претпријатие посочи дека модернизацијата сега оди кон електронско плаќање, нешто што е подобра метода од вињети и е поддржана од ЕУ.

 

Претходна вестЗабранетото е најслатко – со мрежа ловеле охридска пастрмка
Следна вестСекој со свој домашен есап – кој ќе излезе на пазар?